Background

Мерц се закани дека ќе го блокира буџетот на ЕУ

Европската комисија има намера да предложи нов заем од 45 милијарди евра за помош на Украина, кој би бил обезбеден со гаранции од заедничкиот буџет на ЕУ. Предлогот доаѓа во време кога Киев се подготвува за најлошата зима од почетокот на војната, пишува Фајненшл тајмс.

Се проценува дека на Украина ќе ѝ недостасуваат 70 милијарди евра во буџетот следната година. Европската комисија вети дека ќе покрие две третини од таа сума и ги повика другите западни сојузници, исто така, да ја зголемат својата поддршка.

Според информации од 4 лица запознаени со планот, Комисијата во среда ќе им претстави на земјите-членки предлог за задолжување од буџетот на ЕУ. Моделот на финансирање би бил ист како оној што се користи за постојниот заем од 90 милијарди евра за Киев.

- Advertisement -
Ad image

Средствата беа наменети за покривање на потребите на Украина за оваа и за следната година, но растечките воени штети создадоа дополнителен финансиски јаз. Во претходниот заем од 90 милијарди евра, три земји – Чешка, Словачка и Унгарија – беа ослободени од плаќање камата.

Новиот заем од 45 милијарди евра бара согласност од сите 27 земји-членки. Сепак, истите три земји, Чешка, Словачка и Унгарија, на кои им се придружи и Бугарија, веќе објавија дека немаат намера да учествуваат во идното финансирање на Украина.

Овој став го натера германскиот канцелар Фридрих Мерц да се закани дека ќе го блокира договорот за буџетот на ЕУ за периодот 2028-2034 година. Тој ја условува својата согласност за европскиот буџет со учеството на сите земји-членки во финансирањето на Украина следната година и во иднина.

Германија е најголемиот придонесувач во буџетот на ЕУ и најголемиот европски билатерален донатор на Киев. Од друга страна, сите четири земји кои се противат на учеството во финансирањето се приматели на средства од буџетот на ЕУ.

По заканата на Мерц, одлуките за помош на Украина и заедничкиот буџет на ЕУ станаа тесно поврзани, потврдија три лица запознаени со преговорите. Лидерите на ЕУ ќе ги разгледаат обете прашања на состанок во Брисел на 26 и 27 ноември, со цел да се постигне договор до крајот на годината.

Поврзувањето на двете теми се смета за начин за обезбедување на идно финансирање за Украина и заштита од евентуални вета. Земјите што зависат од буџетските пари на ЕУ потоа ќе мора да изберат помеѓу поддршка на Киев и ризикување да изгубат европски пари.

– Ова ги зголемува влоговите, но исто така значи дека нема начин овие прашања да се решаваат одделно. Сè е дел од еден голем пакет – рече еден од изворите запознаени со ситуацијата.

Сепак, некои предупредуваат дека ваквите тактики би можеле да им се вратат како бумеранг ако земјите сметаат дека се уценети.

Портпаролот на Европската комисија одби да коментира за информациите. Брисел и Берлин стравуваат дека обезбедувањето средства за Украина ќе стане сè потешко со оглед на претстојните избори во Шпанија, Франција, Италија и во Полска. Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, која води во анкетите пред претседателските избори во април, веќе објави дека ќе ја суспендира поддршката за Украина ако стане претседател.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, напиша дека „договорот за идното финансирање на Украина не смее да биде предуслов за усвојување на следната повеќегодишна финансиска рамка“.

Во писмото што го видоа медиумите, Бабиш додаде: „Унијата мора да ја задржи можноста да ги дефинира и финансира своите долгорочни политики и приоритети, без оглед на развојот на ситуацијата“.

Земјите што ја поддржуваат Украина, како што е Ирска, изразија и одредена загриженост.

– Некои земји сега го поврзуваат ова со преговорите за буџетот на ЕУ, што ме загрижува донекаде. Сепак, разбирам зошто го прават ова, бидејќи некои земји дадоа многу значаен придонес – рече ирскиот премиер Михаел Мартин на минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖