Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за годинава, од претходно очекуваните 3,1%. За следната година, пак, предвидува раст од 3,2%.
Според најновите проекции, Македонија годинава ќе биде меѓу земјите со повисок очекуван економски раст во регионот, заедно со Албанија и Косово, за кои исто така се прогнозира раст од 3,5%. За Србија се очекува раст од 3,2%, за Црна Гора 3%, за Бугарија 2,6, за Босна и Херцеговина 2,3, за Хрватска 2,2, а за Грција 1,8%.
Позитивна ревизија на прогнозата за македонската економија неодамна направи и Светската банка, која ги зголеми очекувањата за растот во 2026 година од 2,9 на 3,2%. Банката ги базира предвидувањата на инфраструктурните проекти.
За 2027 и 2028 година, Светската банка очекува раст од по 3 проценти.
Во октомврискиот извештај за глобалните економски перспективи, ММФ ја зголеми и прогнозата за раст на светската економија во 2026 година на 3,1%, наспроти претходно предвидените 3%.
Сепак, Фондот предупредува дека глобалниот раст и натаму ќе биде релативно слаб, особено поради неизвесноста на енергетските пазари и промените во светската економија.
ММФ очекува значително поскапување на нафтата, со просечна цена од 96 долари за барел во текот на годинава, што би можело да придонесе за зголемување на глобалната инфлација на 4,7%, во споредба со 4,1% во 2025 година.
Извештајот се осврнува и на влијанието на вештачката интелигенција врз економијата и пазарот на трудот. Според ММФ, развојот на оваа технологија може да ги ублажи дел од негативните последици од повисоките цени на енергенсите, но придобивките нема да бидат еднакви во сите земји и сектори.
Фондот предупредува дека промените на пазарот на трудот ќе се одвиваат постепено, но со значителни последици.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
