Background

Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО

Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО.
Во периодот од 8 до 12 јуни се одржува Архивската недела, која го нагласува значењето на архивите како активни чинители во зачувувањето на колективната меморија, заштитата на правата на граѓаните и градењето на иднината. Овогодинешното мото ја истакнува потребата архивите да бидат отворени, достапни и поврзани со заедницата, покажувајќи дека тие не се само чувари на минатото, туку и важен фактор во развојот на современото општество.
По тој повод, Државниот архив организира серија настани посветени на промоцијата на архивското наследство и неговата достапност за јавноста. Ве покануваме да ги проследите следните настани: 9 јуни, 12 часот, НУ “Музеј на тетовскиот крај” во Тетово – промоција на книга и изложба посветени на османлискиот период во Македонија. 10 јуни, 12 часот, во НУ ЦК “Трајко Прокопиев” во Куманово – промоција на јубилејното издание „Државниот архив – столб на македонското битие“, проследена со изложба по повод јубилејот на Државниот архив.
Државниот архив упатува покана до медиумите да присуствуваат, да ги проследат настаните и да известуваат за активностите со кои се одбележува Архивската недела.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation