Во пресрет на првиот „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“, помеѓу Северна Македонија и Грција, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и директорката на Извршната канцеларија на МАСИТ, Елена Петрушевска, остварија средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Н.Е. Софија Филипиду.
На средбата беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу Северна Македонија и Грција, со посебен фокус на развојот на ИКТ секторот, дигиталната трансформација и регионалното поврзување на компаниите.
Во таа насока, МАСИТ официјално го најавува одржувањето на „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“, кој ќе се одржи на 4 јуни 2026 година во Скопје, во организација на МАСИТ и грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE.
Форумот претставува прва организирана билатерална платформа за поврзување на ИКТ секторите од двете земји, создадена со цел да поттикне нови деловни партнерства, регионална соработка и пристап до нови пазари за компаниите од двете земји.
На настанот се очекува учество на повеќе од 20 грчки ИКТ компании, како и компании и институции од домашниот пазар, преку структурирани B2B средби, активности за вмрежување и дискусии посветени на дигиталната трансформација и економската соработка во регионот.
Во рамки на форумот ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, со што дополнително ќе се зајакне институционалната и деловната поврзаност помеѓу двете ИКТ заедници, а истиот е поддржан од Стопанска Банка АД Скопје.
Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот претставува значаен чекор кон создавање посилна регионална ИКТ мрежа и конкретна платформа за деловен раст и меѓународна соработка.
„Веруваме дека регионот има сериозен потенцијал за заеднички дигитален развој. Со овој форум отвораме нов канал за директно поврзување на компаниите, размена на знаење и создавање нови бизнис можности помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор“, изјави Димитровски.
Во рамки на средбата беше отворена и дискусија за новите законски решенија и реформски процеси поврзани со дигиталната економија и развојот на ИКТ индустријата, при што беше нагласена важноста од создавање предвидлива и конкурентна бизнис-клима што ќе го поттикне растот на технолошките компании и регионалната соработка.
МАСИТ продолжува активно да работи на интернационализација на македонската ИКТ индустрија и создавање нови можности за домашните компании преку регионални и меѓународни партнерства.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
