Background

МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ЈА ФАТИ БУРА НА ЈАДРАН

Српската пејачка Марија Шерифовиќ летува во Хрватска со мајка ѝ Верица и синот Марио, а дел од авантурите од семејното крстарење сподели со своите следбеници преку новиот влог на Јутјуб.

Таа ова лето ги замени концертите и сценските настапи со мирен одмор на едрилица со која пловат долж хрватскиот брег. Но, освен целосно мирно уживање во сонцето, морето и скриените заливи, семејството доживеа и неколку возбудливи моменти.

Еден од нив е и оној кога едрилицата ја зафати бура и додека бродот се ниша на брановите, мајката на Марија, Верица, се обидува да подготви ручек во кујната. Садовите почнуваат да се лизгаат, а таа се обидува да го задржи тенџерето.

- Advertisement -
Ad image

Марија целата сцена ја снима и низ смеа ѝ дофрла: Има ли прпа, баба?

– Јас го држам тенџерето за детето да има што да јаде. Леле, Марија, држи го! – ѝ одговара Верица.

За среќа, непријатната ситуација брзо помина и стана уште еден забавен спомен од одморот.

Во влогот, Марија открива и детали од патувањето меѓу далматинските острови. Крстарењето започнало од Брач кон Хвар, а пејачката признава дека пради високите бранови за малку ќе повратела.

– Брановите се кренаа со брзина на светлината и буквално ми се слоши – раскажува таа по пристигнувањето во Стари Град на Хвар.

Сепак, непријатноста брзо ја заборавија откако најдоа мирен залив со кристално чиста вода. По капењето, семејството прошета низ Стари Град, каде што Марија уживаше во паста со шкампи и кафе покрај морето.

Следната станица беше Палмижана, на која не ѝ се допадна тоа што има многу туристи.

– Оваа гужва не ми се допаѓа. Можеби е за помлади луѓе, но сè ми изгледа премногу полно – вели таа, додавајќи дека повеќе сака помирни места.

Патувањето продолжило кон Вис и Комижа и токму Комижа е нејзиниот фаворит меѓу сите места што ги посетија.

– Морам да кажам дека ова можеби ми е најдрагото и најсимпатично место досега. Можеби затоа што има најмалку луѓе – вели Марија која ја покажа својата поопуштена страна и откри дел од својот семеен живот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation