Од Поликлиниката Драчево вчера во 10:07 часот во СВР Скопје пријавиле дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од скопското село Студеничани.
„Според пријавеното, малолетникот заедно со негов малолетен другар влегле во двор на правен субјект во с.Студеничани, сопственост на К.С.(29), при што неговиот другар одврзал едно куче кое потоа го нападнало и каснало малолетникот и му ги нанело повредите“, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.