Background

МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ СОБОРУВААТ РЕКОРДИ

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид продолжуваат да соборуват рекорди. До крајот на септември двата македонски аеродроми, со кои управува ТАВ Македонија, опслужија вкупно 3,3 милиони патници (3.331.685), што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период во 2025 година, информираат од ТАВ Македонија, подружница на „ТАВ аеродроми“, членка на групацијата АДП.

Истовремено, како што велат, бројот на летови во периодот од јануари до септември достигна вкупно 22.147, што е зголемување од 10% во споредба со минатата година.

– Овој пораст се одрази и на ранг-листата на ACI-Europe, според која Северна Македонија во август беше рангирана како втор најбрзорастечки авијациски пазар во Европа. Очекуваме овој позитивен тренд на импресивен двоцифрен пораст на авиосообраќајот да продолжи, но нашата амбиција оди подалеку од порастот на бројот на патници. Посветени сме на комбинирање на одржливиот пораст со извонредноста во квалитетот на услугите и искуството на патниците со цел македонските аеродроми да продолжат да ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди – изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

- Advertisement -
Ad image

Според статистиката на ТАВ Македонија, Меѓународниот аеродром „Скопје“ опслужи 3.065.692 патници во периодот јануари – септември (пораст од 29,07 %) и 20.081 лет (пораст од 8,46 %), а аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи 265.993 патници (пораст од 26,76 %) и 2.066 лета (пораст од 27,06 %) на годишно ниво.

Петте најфреквентни дестинации според патничкиот авиосообраќај од аеродромот во главниот град на Македонија се: Истанбул со 13,5% удел на пазарот (вклучувајќи ги двата аеродроми – ИГА и „Сабиха Ѓокчен“); Базел-Милуз со 4,4%; Минхен со 4,1%; Дортмунд со 4%; и Цирих со 3,8% удел на пазарот. Петте, пак, водечки авиокомпании на Меѓународниот аеродром „Скопје“ според авиосообраќајот на патници во првите девет месеци од 2026 година се: „Визер“ (63,8%); „Пегасус ерлајнс“ (9,4%); „Туркиш ерлајнс“ (4,6%); „Аџет ерлајнс“ (3,5%) и „Аустријан ерлајнс“ (3,4%).

Во истиот период (јануари – септември) петте најфреквентни дестинации од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид според авиопатничкиот сообраќај: Братислава со 14,4% удел на пазарот; Базел (12,5%), Дортмунд (12,4%); Меминген (11,7%) и Цирих (8,7%). Доколку се разгледува сообраќајот на патници на аеродромот во Охрид според учеството на авиокомпаниите, уделите на пазарот е: Wizz Air (70%), Chair Airlines (8,7%); Turkish Airlines (5%); TUI (4,6 %) и TUI UK (3%).

– Во тековниот летен распоред на летови за 2026 година, кој почна на 29 март и ќе трае до крајот на октомври, 15 авиокомпании летаат до 54 редовни дестинации, а 7 авиокомпании опслужуваат 24 чартер-дестинации од и до аеродромот во Скопје; истовремено, од аеродромот во Охрид 8 авиокомпании летаат до 17 дестинации (14 редовни/сезонски и 3 чартер-авиолинии) – велат од ТАВ Македонија.

Оттаму додаваат дека со почетокот на летниот распоред на летови оваа година беа воведени десет нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. Тоа се: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун од Меѓународниот аеродром „Скопје“, како и Милано, Виена, Вроцлав и Катовице од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Континуираниот пораст на патничкиот авиосообраќај на македонските аеродроми, додаваат од „ТАВ Македонија“, е потврден и со најновиот извештај за воздушниот сообраќај на Меѓународниот совет на аеродромите – Европа (Airports Council International-Europe) за август 2026 година.

– ACI-Europe ги рангира македонските аеродроми како втор најбрзорастечки авијациски пазар во Европа. По Словачка, како земја членка на ЕУ со пораст на патничкиот сообраќај од 61 отсто, македонските аеродроми – како пазар надвор од ЕУ – забележаа пораст од 35% (34,8%), со што се најдоа на врвот според порастот на патничкиот авиосообраќај на листата на ACI-Europe на земјите што се надвор од ЕУ за август 2026 година. По аеродромите во Скопје и Охрид, на второто и третото место меѓу пазарите надвор од ЕУ, според порастот на патничкиот сообраќај во август, ACI-Europe ги рангира Црна Гора (28,6%) и Албанија (20,7%) – потенцираат од ТАВ Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖