Background

Македонски државјанин ќе оди на суд во Италија откако со комби удрил 3 овци што му го попречувале патот, при што две угинале на место, а третата подоцна била усмртена поради тешките повреди

Македонски државјанин ќе оди на суд во Италија откако со комби удрил 3 овци што му го попречувале патот, при што две угинале на место, а третата подоцна била усмртена поради тешките повреди, пишуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случил на 25 април 2023 година на Виа Белведере во Касале сул Силе. Стадото се движело по патот што водел кон куќата на обвинетиот, кој, според обвинението, го загубил трпението бидејќи не можел да помине.

– Тргни ги овие овци. Морам да поминам. Ќе ги убијам сите – наводно му рекол 36-годишниот македонскиот државјанин на сопственикот на стадото.

- Advertisement -
Ad image

Кратко потоа тргнал со комбито „Фолксваген кеди“ и удрил 3 овци. Две угинале веднаш, а третата останала тешко повредена и подоцна била усмртена.

Возачот не запрел, но сопственикот успеал да ја запише регистарската табличка. Така истражителите стигнале до сопственикот на возилото, 26-годишен роднина на обвинетиот.

Бидејќи комбито било регистрирано на него, и роднината првично завршил во постапката. На прелиминарното рочиште, сепак, било утврдено дека роднината воопшто не бил присутен кога се случил инцидентот, па тој бил ослободен.

На суд ќе оди 36-годишниот македонски државјанин, кој е обвинет за убивање туѓи животни и за закана кон нивниот сопственик.

Случајот веќе поминал низ прелиминарно рочиште, а почетокот на судењето е закажан за јуни 2028 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖