Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска (ВТА-223) се пласираше во третото и последно квалификациско коло за пласман на главниот турнир на Вимблдон, откако вечерва ја совлада Португалката Франциска Жорге со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1).
Ѓорческа до победата стигна по пресврт, откако го загуби првиот сет, а потоа целосно ја презеде контролата врз мечот на теренот број 10, добивајќи 12 од последните 15 гема.
По загубениот прв сет, македонската тенисерка влезе многу поагресивно во вториот и со два брејка поведе со 3:0. Жорге успеа да врати еден брејк за намалување на 3:1, но Ѓорческа повторно ѝ го одзеде сервисот во седмиот гем и поведе со 5:2. Во следниот гем сигурно го заврши сетот со 6:2 и израмни на 1-1.
Во решавачкиот трет сет, Ѓорческа повторно направи два брејка и поведе со 3:0. Португалката успеа да врати еден брејк, но тоа беше сè што освои до крајот на мечот. Македонската тенисерка доминираше во продолжението и со 6:1 во третиот сет ја завери победата по два часа и 23 минути игра.
За место на главниот турнир, Ѓорческа утре ќе се соочи со Италијанката Лусија Бронцети (ВТА-127), која во второто квалификациско коло ја совлада Литванката Јустина Микулските со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).
Денешната програма на Вимблдон беше прекината околу час и половина поради високите температури во Лондон.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
