Background

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО НОВАТА ЕНЕРГЕТСКА МАПА

Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, откако извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, денес во Солун го потпиша Меморандумот за разбирање за приклучување на кон иницијативата „Вертикален коридор“, со што земјата станува дел од пошироката регионална соработка за поврзување на системите за пренос на природен гас во Југоисточна и Централна Европа.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, попладнево во Солун исто така присуствуваше на потпишувањето на Меморандумот за соработка.

Меморандумот беше потпишан во рамките на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF), со што земјава и официјално стана дел од регионалната иницијатива за поврзување на гасните системи и диверзификација на снабдувањето со природен гас.

- Advertisement -
Ad image

Извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, денес во Солун го потпиша Меморандумот за разбирање за приклучување на Северна Македонија кон иницијативата „Вертикален коридор“, со што земјата станува дел од пошироката регионална соработка за поврзување на системите за пренос на природен гас во Југоисточна и Централна Европа.

– За Македонија, приклучувањето кон Вертикалниот коридор ќе ја зајакне регионалната соработка, ќе поддржи подобра интеграција на нашиот национален систем за пренос на природен гас со пошироката европска мрежа, ќе ги диверзифицира рутите за снабдување со гас и ќе ја унапреди сигурноста на снабдувањето во регионот – истакна Недим Рама, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје.

Пред потпишувањето, министерката Божиновска истакна дека Вертикалниот енергетски коридор не претставува само гасоводна инфраструктура, туку нова безбедносна, економска и геостратешка архитектура на Југоисточна Европа.

– Денес сум исклучително горда да истакнам дека, по интензивни дипломатски напори, Македонија официјално се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор. Ова е историски момент преку кој, по цели три децении, ја прекинуваме нашата целосна зависност од една гасна рута – рече министерката.

Божиновска информираше дека интерконекторот со Грција се очекува да биде оперативен во 2027 година.

По неговото пуштање во употреба, Македонија треба да обезбеди почетен капацитет за транспорт на 1,4 милијарди кубни метри природен гас годишно, со можност овој капацитет во иднина да биде двојно зголемен, односно да достигне 2,8 милијарди кубни метри годишно.

– Визијата на Македонија не застанува тука. Веднаш продолжуваме со следниот чекор – планираниот 23-километарски интерконектор со Србија. Преку овој проект, Македонија стреми да стане клучен енергетски транзитен центар што го поврзува југот со Централна и Источна Европа – посочи Божиновска.

Според министерката, Македонија на Вертикалниот гасен коридор гледа и како на катализатор на зелената транзиција.

Пред потпишувањето на Меморандумот, Божиновска учествуваше на панел-дискусија во рамките на SEEF, заедно со колегите од Грција, Бугарија и Кипар, каде што се осврна на инфраструктурното поврзување и напредокот на проектите.

Таа посочи дека најголемиот дел од административната работа за интерконекторот со Грција е завршен, а активностите поврзани со земјиштето се во тек.

– Поголемиот дел од административната работа за интерконекторот со Грција е завршен, цевките се таму, сѐ околу земјиштето е веќе во процес на обработка, така што сме на вистинскиот пат. Имаме 68 километри и напредуваме како што треба. Следниот јуни е очекуваниот датум кога ова треба да биде завршено – рече Божиновска.

Таа додаде дека со Србија минатата недела бил потпишан договор за изградба на интерконекторот, кој ќе биде долг 23 километри.

– Со Србија минатата недела го потпишавме договорот – тоа се само 23 километри, но сепак има уште долг пат бидејќи дури сега почнуваме. Тоа значи крајот на следната година, почетокот на 2028 година, односно во 2028 година сѐ ќе биде подготвено од Грција до Србија – рече Божиновска.

Со реализацијата на овие проекти, Македонија треба да добие нови можности за снабдување со природен гас, но и подобра поврзаност со регионалниот енергетски систем.

Претпладнево Божиновска учествуваше и на панел во рамките на 6. Метрополитен самит, на кој Вертикалниот гасен коридор беше една од клучните теми.

На двата настана – самитот и форумот – фокусот беше ставен на енергетската безбедност и сигурност, диверзификацијата на снабдувањето и развојот на регионалната енергетска инфраструктура.

Покрај министрите, на настаните учествуваа и претставници на најголемите енергетски компании и меѓународни институции, експерти, регулатори и инвеститори.

Приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор треба да ѝ овозможи на Македонија да има пристап до повеќе извори и рути за снабдување со природен гас, а со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија земјава да добие и поголема регионална енергетска поврзаност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation