Background

Македонија стои во место и покрај огромното количество на бакар во Иловица

Побарувачката за критични минерали рапидно расте поради експанзијата на технологиите за зелена енергија, електрификацијата и дигитализацијата, оценува телото на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD).

Повикувајќи се на извештајот од Меѓународната енергетска агенција, се истакнува дека до 2040 година побарувачката за литиум ќе порасне за 353%, а во топ-5 на листата се најде и бакарот, со раст на побарувачката за 28% на светско ниво. Токму овој минерал Македонија го поседува, но не го искористува.

Најголемите количини, утврдени по спроведени детални геолошки истражувања, се наоѓаат во Иловица. Инвеститорот тогаш соопшти дека кај Иловица и Штука се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони руда годишно. Просечното годишно производство е проектирано на 16 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години. Сепак, инвестицијата сѐ уште не е реализирана, а претходно мета на критики и напади беа и други инвестиции за рудници за бакар, како Казандол и Кожуф.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме, светот засилено ги поттикнува инвестициите за ископ на минерални суровини. Според телото на ООН, посилната меѓународна соработка е од суштинско значење за да се обезбеди дека трговијата ги поддржува земјите во развој кои се богати со критични минерали, а истовремено и глобалната транзиција кон нискојаглеродна, дигитална економија.

„Рударството е капитализирано и се карактеризира со долги рокови на испорака, ограничувајќи ја краткорочната сигурност на снабдувањето и оставајќи ги концентрираните синџири на снабдување изложени на геополитички ризици“, наведува UNCTAD.

Понатаму се додава дека владите ширум светот забрзано ги усогласуваат трговските политики поврзани со критичните минерали со пошироки стратешки цели, кои се однесуваат и на отпорноста на синџирот на снабдување, националната безбедност и индустриската конкурентност.

„Пошироката слика е јасна: во услови на зголемена побарувачка и растечко стратешко значење на критичните минерали, владите што имаат контрола врз овие материјали се сè повеќе свесни за нивната моќ и активно ги интегрираат инструментите на трговската политика во своите алатки за да придобијат поголема домашна вредност преку преминување од извоз на суровини кон преработка и производство, како и преку користење на ограничувања на извозот за промовирање на националните стратешки цели“, се истакнува во извештајот.

Истражувањето на UNCTAD покажува дека од 2022 година, билатералните партнерски договори за ископ и трговија со критични минерали масовно се потпишуваат низ целиот свет, што го одразува растечкото значење и важност на минералите.

„Одредена група на големи економии го предводат ова трговско преговарање. Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Индија, Канада, Индонезија и Јапонија склучија договори за минерали со широк спектар на земји, генерално покажувајќи ограничено преклопување во нивните партнерски мрежи и сугерирајќи широк и конкурентен напор за обезбедување на пристап и влијание низ различни региони. Меѓу 73-те партнерски договори анализирани од UNCTAD, 27 се помеѓу развиена земја и земја во развој, 26 се само помеѓу развиени земји и 20 се само помеѓу земји во развој“, се додава во извештајот.

Телото на Обединетите Нации нагласува дека Европската Унија ја обликуваше неодамнешната политика преку Законот за критични суровини, кој поставува цели за 2030 година за домашен ископ, преработка и рециклирање на стратешки минерали. Европската Унија, исто така, го зајакна надворешниот ангажман преку стратешки партнерства, со 15 потпишани договори. Во 2025 година, Европската инвестициска банка усвои нова иницијатива фокусирана на критичните минерали, вклучувајќи финансирање од 2 милијарди евра за поддршка на целите на Законот за критични суровини.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation