Background

Македонија се позиционира како регионален енергетски јазол

 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на панелот “Engineering the Infrastructure of Energy Security” во рамки на „Delphi Economic Forum“, каде заедно со високи владини претставници и лидери од енергетскиот сектор се дискутираше за иднината на енергетската безбедност во регионот.

Во своето обраќање, министерката Божиновска нагласи дека земјата влегува во нова фаза на енергетско позиционирање:

– Денес, ние свесно се позиционираме како регионален енергетски јазол што ги поврзува пазарите, изворите и партнерите.

- Advertisement -
Ad image

Таа ја претстави стратегијата базирана на три клучни столба:

– Интерконекторот со Грција, како директен пристап до алтернативни извори на гас и LNG терминали

– Соработката со Србија, која отвора северен коридор и овозможува двонасочен проток

– Партнерството со САД преку ЛНГ иницијативата, со што се зајакнува енергетската независност

Божиновска вели дека енергетската политика без инфраструктура останува само декларација.

– Со изградбата на овие коридори ја амалуваме ранливоста, создаваме поконкурентни цени и се позиционираме како транзитна земја што додава вредност.

Министерката потенцираше дека новата улога на земјата не е само транзитна, туку стабилизирачка за поширокиот регион:

– Не сакаме да бидеме периферен пазар – туку сигурен партнер во европската енергетска мрежа.

Во однос на енергетската транзиција, Божиновска истакна дека пристапот на државата е прагматичен и насочен кон сигурност:

– Нема енергетска транзиција без сигурност – и нема сигурност без диверзификација. Географијата сама по себе не е предност ако не се претвори во политика. Нашата цел е да станеме фактор на стабилност на регионалниот пазар на електрична енергија.

Со зајакнувањето на јужните и северните енергетски коридори, Северна Македонија се позиционира како активен учесник во стабилизирањето на енергетските текови во регионот.

Клучната порака која Божиновска ја испрати од Делфи е јасна:

– Градиме енергетски систем кој е диверзифициран, поврзан и стратешки релевантен – со улога што ќе го дефинира нашето место во Европа во децениите што следат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation