Background

МАКЕДОНИЈА ГО СЛАВИ ИЛИНДЕН Се одбележуваат 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност.

Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“, по што ќе се одржи панихида во храмот „Св. Никола“.

Следува голем народен собир на „Мечкин Камен“, каде ќе има церемонија на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република, интонирање на химната и обраќање на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што следува културно уметничка програма, со настап на НУ „Танец“.

- Advertisement -
Ad image

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова годинава ќе се обрати на свеченоста организирана во Скопје пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија. Таа ќе положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов Ченто.

Одбележувањето на 81-годишнината од Првото заседание на АСНОМ ќе се одржи во Меморијалниот центар во Пелинце каде ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Традиционално, како и секоја година, на 2 Август во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново ќе се одржи традиционалната 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична дредба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Годинава се одбележуваат 123 година од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево, а последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамки на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation