Унгарскиот премиер Петар Маѓар потсети дека повеќе балкански земји веќе го почнале пристапниот процес и дека некои од нив повеќе од десет години чекаат на отворање на следните кластери, откако Унгарија по трет пат го блокираше забрзаното отворањето кластери од страна на Украина.
– Не доаѓа предвид забрзано пристапување. Унгарија може да поддржи пристапување засновано на заслуги – рече Маѓар на прес-конференција во Будимпешта.
Киев треба да напредува врз основа на заслуги и не треба да ги прескокнува кандидатите од Западен Балкан кои поминаа години преговарајќи за членство, вели тој, пренесува Хангариан консерватив.
Маѓар истовремено рече дека Унгарија уште во претходниот владин мандат дала согласност за почеток на пристапувањето на Украина во ЕУ, како и за отворањето на првиот и вториот кластер.
Унгарскиот премиер зборуваше и за договорот со Киев за правата на унгарското малцинство во Украина, со кој, според него, било предвидено Унгарците да можат да го користат мајчиниот јазик во повеќе области. Тој, меѓутоа, рече дека засега не гледа дека нешто од договореното е реализирано.
Континуираната опструкција од страна Унгарија продолжува по убедливата победа на Петер Маѓар во април што беше поздравена низ цела Европа како крај на ерата на честа употреба на вето од страна на Унгарија, во времето на Виктор Орбан. Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги нарече изборите инспирација за Европа и рече дека се надева оти Унгарија ќе се врати во „срцето на Европа“.
Сепак, во врска со Украина, новата политика на Украина се покажува како поусловна отколку што очекуваа многу престолнини: Будимпешта го напушти генералното противење на Орбан на членството, додека ја задржа едногласноста како моќ за преговарање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
