Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса што победи на парламентарните избори во неделата, соопшти дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија.
Маѓар објави на Фејсбук дека во телефонскиот разговор е постигната согласност дека ослободувањето на парите е еден од приоритетите, со цел граѓаните на Унгарија што поскоро да добијат пристап до развојните фондови на Европската Унија.
Според него, Фон дер Лајен порачала дека Европската комисија ќе соработува со идната унгарска влада за во најкус рок да се постигнат конкретни резултати и да се овозможи користење на средствата од европските фондови.
Маѓар посочува дека милијардите евра за Унгарија се замрзнати поради, како што вели, корупција во унгарската власт, додавајќи дека ослободувањето на тие средства е од клучно значење за националното стопанство и за граѓаните.
Од Европската комисија потврдија дека Фон дер Лајен разговарала со Маѓар, оценувајќи дека соработката со идната унгарска влада е важна за напредок во користењето на средствата и за запазување на предвидените рокови.
Европска унија држи „замрзнати“ околу 17 милијарди евра наменети за Унгарија од фондовите за кохезија и за закрепнување по ковид-кризата. Причина за тоа се покренатите правни спорови со Будимпешта поврзани со владеењето на правото, независноста на судството, академските слободи, азилантската политика и правата на ЛГБТ заедницата во земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
