Background

ЛОГОТО НА „АЛКАЛОИД“ ДОБИ НОВ СЈАЈ ВО ИНСТАЛАЦИЈАТА НА САТЈА ГРАБУЛ

Повеќе од половина век стариот знак со логото на „Алкалоид“ беше дел од препознатливата силуета на фабричкиот оџак во Автокоманда. Денес, зачуван во својата автентична форма и интегриран во уметничката инсталација на македонскиот артист Сатја Грабул, тој претставува трајно сведоштво за историјата на македонската фармацевтска индустрија.

Стариот фабрички оџак на „Алкалоид“ бил изграден во 1936 година за потребите на погонот за екстракција и преработка на алкалоиди од македонскиот афион. Неговата активна функција завршила кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години на минатиот век, кога престанале со работа старите котли што користеле јаглен како погонско гориво.

Во првата половина на седумдесеттите години на оџакот бил поставен знак со логото на „Алкалоид“, со што овој некогаш функционален дел од фабриката добил ново значење и со текот на времето станал еден од најпрепознатливите визуелни симболи на компанијата.

- Advertisement -
Ad image

Со цел да се зачува ова индустриско наследство, во 2012 година Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) изработи проект врз основа на кој се извршени темелна санација и конструктивно зајакнување на оџакот висок 34 метри.

При санацијата оригиналниот знак со логото е симнат од оџакот и зачуван, а на негово место е поставен нов.

Денес оригиналниот знак со логото доби ново, почесно место на влезот на локалитетот на „Алкалоид“ во Автокоманда. Интегриран е во уметничка инсталација специјално конципирана и изработена од истакнатиот македонски артист Сатја Грабул, внук на Јордан и Искра Грабул, авторите на крушевскиот „Македониум“. Така, по повеќе од пет децении на врвот на фабричкиот оџак, знакот со логото останува трајно зачуван како автентичен дел од историјата на „Алкалоид“ и како сведоштво за континуитетот на компанијата.

Деведесет години по основањето на компанијата, оваа уметничка инсталација претставува симбол на почитта спрема сопствените корени и на определбата вредните траги од минатото да се зачуваат за генерациите што доаѓаат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation