Листата ја прави Светскиот синолошки центар во Пекинг

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози во светот за 2024 година што ја прави Светскиот синолошки центар на Пекиншкиот јазичен универзитет.

Станува збор за годишна ранг листа на 10 научници што оствариле исклучителен придонес во научната област на синологијата во таа година, изработена од страна на Светскиот синолошки центар при Пекиншкиот јазичен универзитет.

Листата е објавена пред три дена.

Радев дипломирал класични јазици на Филолошкиот факултет во Скопје, а магистрирал лингвистика и докторирал кинеска филологија на Нормал универзитетот во Пекинг.

Добитник е на кинеската државна награда „Кинеска награда за особен придонес во литературата” (највисокото признание во Кина на книжевно-културно поле што може да биде доделено на странски државјанин), на наградата „Григор Прличев” доделена од Сојузот на литературните преведувачи на Македонија за преводот од древнокинески на македонски, и на наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Share This Article