Авион на австриската авиокомпанија „Аустриан ерлајнс“, кој летал од Тел Авив кон Виена, синоќа бил пренасочен кон Софија поради закана добиена за време на летот, пренесува ДПА. Израелските медиуми објавија дека постои сомнеж за закана со бомба, која наводно била упатена по полетувањето од Израел.
Во авионот „Ербас А320“ имало 51 патник и шест членови на екипажот. Според објавените информации, авионот се наоѓал во близина на бугарско-романската граница кога била добиена заканата, по што бил пренасочен кон бугарската престолнина.
По завршувањето на безбедносната проверка, патниците треба да бидат префрлени на други летови.
Инцидентот доаѓа по сериозен настан на лет на авиокомпанијата „Флајдубаи“ од Дубаи кон Тел Авив, на 30 септември. Според објавените информации, копилотот го нападнал капетанот со секира, по што авионот почнал нагло да губи висина.
Пилотот, индиски државјанин, беше тешко повреден, но успеа да ја отвори вратата на пилотската кабина. Патниците и членовите на екипажот потоа го совладаа напаѓачот и ја стабилизираа ситуацијата. Авионот принудно слета во Табук, Саудиска Арабија.
Според истражителите во Обединетите Арапски Емирати, копилотот, државјанин на Оман, планирал напад со намера да го урне авионот на аеродромот „Бен Гурион“, во близина на Тел Авив.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
