Американската морнарица потврди дека извидувачкото беспилотно летало „MQ-4C Triton“ се урнало во регионот на Персискиот Залив, наведувајќи дека станува збор за „несреќа“, додека одредени извори претходно тврдеа дека леталото било соборено од иранската противвоздушна одбрана.
Дронот исчезнал од системите за следење летови за време на мисија над Персискиот Залив, што предизвика шпекулации за негово соборување. Леталото „MQ-4C Triton“ спаѓа меѓу најретките и најскапите беспилотни летала во употреба во американската морнарица, со проценета вредност меѓу 235 и 250 милиони долари.
Според достапните податоци, дронот непосредно пред исчезнувањето нагло изгубил висина од околу 15.000 метри на помалку од 3.000 метри. Во тој момент емитувал сигнали за вонредна состојба, најпрвин кодот 7.400 за губење комуникација, а потоа и кодот 7.700 за општа вонредна состојба.
Американската морнарица соопшти дека леталото веројатно се враќало во својата база во воздухопловната станица „Naval Air Station Sigonella“ во Италија по мисијата за надзор над Персискиот Залив и Ормускиот Теснец.
Овој инцидент потсетува на случајот од 2019 година, кога иранските сили соборија американски дрон „RQ-4 Global Hawk“ над Оманскиот Залив. Извидувачките летала од типот „Triton“ имаат клучна улога во следењето на ситуацијата во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец, особено во периодот на нестабилно примирје меѓу САД и Иран.
Tagged as:
Леталото последен пат имало сигнал во Персискиот залив тврди морнарицата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
