Повеќе од 770 училишта во Велика Британија, од кои 470 во Шкотска и над 300 во Северна Ирска, денеска добија идентични електронски пораки со закани за поставени бомби.
Полицијата во Шкотска соопшти дека нејзината единица за кибер криминал и измами спроведува широка истрага за да го утврди изворот на лажните дојави за поставени бомби.
Властите во Северна Ирска соопштија дека денешните пораки наликуваат на лажните дојави од минатиот месец.
Во исто време, најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани откако добија пораки за поставени бомби. Закана беше упатена и до премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
Во дојавите испратени до италијанските училиштата се наведува: „Ќе ве уништиме“, а пораката е потпишана со Михаил Андропов.
Во пораката испратена до Мелони се наведува: „Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашата премиерка“.
Сличен инцидент беше регистриран и претходните денови во Италија, кога закани беа испратени до 280 директори на училишта.
Во Европа, супермаркетите, банките за крв, воздушниот сообраќај и телевизиските станици неодамна беа цел на хибридни напади.
Заканувачките е-пораки испратени до телевизиски станици и авиони низ цела Европа исто така беа потпишани со името Михаил Андропов.
Tagged as:
ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО НАД 770 УЧИЛИШТА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
