Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров им честиташе на Холанѓаните по победата над нашата репрезентација со 37-32.
Селекторот, Кирил Лазаров по завршување на официјалната прес-конференција, имаше средба со македонските новинари, но отворено внимаваше да не ги обвини судиите.
– Мечот излезе тотално вон контрола. Личеше на се, само не на еден меч од Мундијал, на официјален меч на Светско првенство. Колку и да не сакам да зборувам, да се правдам поради нешто, но да имате дванаесет пенали, мислам дека колку и да е подобар противникот и да дојде до такви ситуации, сепак, дванаесет пенали еден тим да има, и да имаме толкав број на исклучувања, тешко како тренер, да го водите тимот против тоа. Ние имаме речиси дваесет минути со играч помалку. Тешко е да ги браниш со оглед на нивната игра, шест на шест, а не пак со играч помалку. Тоа е стратегија, да бидеме со играч помалку – коментираше за македонските новинари нашиот селектор.
Лазаров е горд на борбеноста на македонските репрезентативци и порача дека се подготвувааѕ за натпреварот со Гвинеја.
– Не одлучувам јас околу жалбата, ќе видиме – рече Лазаров.