Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО
Стоилковиќ отворено работи за кинеска и руска агенда – директен удар врз стратешките интереси на Македонија
Вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски и втор човек во владата, отворено повикува на стратешка соработка со Кина.
По години застапување на српски и руски интереси, сега Стоилковиќ стратешки удри и на стратешкиот партнер на Македонија – Соединетите Американски Држави!
Сè што прават – од организирање митинг за поддршка на Вучиќ во Куманово заедно со Мицкоски, преку состаноци со Милош Вучевиќ во Скопје, до патувањето во Кина заедно со делегацијата на сестринската пaртија на ВМРО – СНС и Вучиќ, кој доби висок орден лично од Си Џинпинг за заслугите во блокирањето на европскиот пат – има една цел: блокирање на европскиот пат на Македонија.
По кинескиот кредит од една милијарда евра, што Мицкоски го зеде преку Орбан, парите се потрошени, а никој не знае точно за што, продолжува антиевропското делување на ВМРО и нивната криминална група.
Освен уредникот на Орбановите медиуми – Латас, уште еден соработник на српските служби и прв човек на Мицкоски за антиевропска пропаганда, сега Стоилковиќ јавно удри врз стратешките интереси на Македонија.
Во новиот стратешки документ на Стејт департментот јасно се нагласува дека Кина и Русија се малигни актери кои активно се обидуваат да ја искористат нестабилноста, корупцијата и слабата управуваност во Западен Балкан за да го прошират своето влијание.
Додека вицепремиерот на Македонија отворено промовира кинеска соработка и патува со Вучиќ, САД јасно гледаат во Кина и Русија закана за стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот.
Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.
Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси и грабеж.
Реформи сега.
Малцинства во Уставот сега.
Европа сега.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=yY1SGMJti6I
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
