Background

Кузеска: Аларм на Онкологија, поплава со фекалии и страв од радијација- кој ќе понесе одговорност?

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Алармираме за една исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал.

После невремето во Скопје поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија.

- Advertisement -
Ad image

Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод.

Не станува збор за обична дождовна вода туку на избиена канализација!

Ова значи дека најранливата категорија на пациенти е изложена на двоен, стравотен ризик.

Радијациски ризик, поради протекување на вода во просторијата каде што се прима терапија со радиоактивен јод.

И биолошки ризик од протекување на септичка, фекална вода низ клиниката.

Информациите со кои располагаме говорат дека единствениот изолиран бункер со оловни ѕидови е целосно поплавен, а друга таква алтернативна просторија на Клиниката – нема.

Имајќи предвид дека радиоактивниот јод има полуживот од околу 8 дена, јавно прашуваме и бараме итни одговори од менаџментот на Клиниката за онкологија и од Дирекцијата за радијациона заштита:

Дали е реагирано навреме во оваа кризна ситуација или се дозволи хаосот да ги загрози човечките животи?

Каде се физички сместени во овој момент пациентите кои веќе примиле јодна терапија?

Ако единствениот безбеден бункер е поплавен, дали овие пациенти се наоѓаат меѓу други луѓе?

Дали постои контаминација со радиоактивен јод надвор од предвидените зони?

Дали е направена итна и темелна деконтаминација на просториите каде што престојувале овие пациенти по избивањето на поплавата?

Конечно, дали е загрозена безбедноста на целокупниот персонал и на стотиците пациенти кои денес транзитираат низ ходниците на Клиниката?

Кој ќе понесе одговорност за потенцијалната биолошка контаминација предизвикана од излевањето на фекални води во болничка установа каде се лекуваат имунокомпромитирани пациенти?

Здравјето на пациентите и безбедноста на здравствените работници не смеат да бидат оставени на милост и немилост на застарената инфраструктура и неспособност.

Бараме итни, прецизни и транспарентни одговори, како и преземање на итна одговорност за оваа хаварија.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=rB1kvrCypKg

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation