Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот се закотви во југозападниот француски град Бордо по појавата на бран гастроинтестинални заболувања на бродот, соопштија денеска локалните власти. Капетанот навел дека околу 50 патници се разболеле.
На лицата на бродот не им е дозволено да се симнат на копно, соопштија локалните здравствени власти и префектурата.
Француските медиуми објавија дека починал британски патник на возраст над 90 години.
Лекарите се качиле на бродот „Амбишн“ за да ја проценат состојбата и да земат примероци.
Француските власти нагласија дека нема причина да се воспоставува врска меѓу оваа зараза на крузерот што пристигнал од Белфаст и Ливерпул и крузерот „Хондиус“, на кој се случи епидемија на хантавирус.
Властите соопштија дека за натамошните чекори ќе одлучат денеска, откако ќе бидат достапни првичните резултати од тестирањата.
„Амбишн“ првично планирал да го продолжи патувањето кон Шпанија.
„Хондиус“ во недела се упати кон пристаништето Тенерифе, каде што патниците се евакуирани.
Во моментов се регистрирани 11 потврдени или веројатни случаи на хантавирус поврзани со бродот „Хондиус“ кој исплови од Аргентина на почетокот на април. Меѓу нив има тројца починати патници, кај кои или била потврдена инфекцијата или постоело сомнение дека биле заразени со типот „андес“ на хантавирусот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
