„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево.
– Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по 7 летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува фреквенциите на обете рути уште од зимската сезона и направи прелиминарни намалувања и за претстојната зима.
Според претходните објави, „Кроација ерлајнс“ во претстојниот квартал ќе откаже 900 лета поради драстичното зголемување на цените на керозинот што предизвика криза во светскиот воздушен сообраќај.
Претходно и „Луфтханза“ најави дека од 1 јуни прекинува со летовите помеѓу Франкфурт и Скопјe по повеќе од три години работење. Компанијата понуди алтернативни рути до Скопјe преку Виена преку својата подружница „Аустриан ерлајнс“.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски минатата недела изјави дека во следниот период ќе има 5 нови авиолинии.
– „Аустрија ерлајнс“ ќе лета директно Виена – Охрид, во јуни почнуваат дестинациите од Краков и од Вроцлав во Полска до Охрид, како и Палермо – Сицилија и Алгеро – Сардинија до скопскиот аеродром, така што отвораме 5 нови рути во најголемата криза што ѝ се случила на авиоиндустријата кога било видена – изјави Николоски, информирајќи дека откако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“ се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
