Четворица жители на Вевчани, вработени во Подрачното шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, се соочуваат со кривични пријави поради сомневање дека со злоупотреба на службената положба и несовесно работење овозможиле незаконски да биде присвоено и пренесено огревно дрво, со што го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за 570.569 денари.
Од ОВР Струга информираат дека кривични пријави се поднесени против В.Р. (56), З.П. (61), А.А. (61) и Т.Д. (49), сите од Вевчани. Тие се осомничени за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, а првопријавениот се товари и за „несовесно работење во службата“.
Според полицијата, В.Р., како раководител на Подрачното шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, без овластување од директорот на ЈП „Национални шуми“ склучил договор за позајмица со правно лице од струшкото село Велешта. Воедно, не ја извршил својата службена должност и не обезбедил надзор со кој би го спречил и санкционирал незаконското постапување на останатите вработени.
Истрагата покажала дека З.П. и А.А., вработени во истото шумско стопанство, не доставувале примероци од испратниците до сметководството и не евидентирале сеча на вкупно 127,32 кубни метри буково огревно дрво, со што биле прикриени количините на исечената дрвна маса.
Четвртоосомничениот Т.Д., исто така вработен во претпријатието, според пријавата, во една испратница внесувал два различни договори и двајца купувачи, спротивно на своите службени обврски.
Со ваквите незаконски постапки, како што наведува полицијата, на правното лице од селото Велешта му било овозможено бесправно да го пренесе до својот склад незаконски исеченото огревно дрво и на тој начин да стекне противправна имотна корист, додека ЈП „Национални шуми“ претрпело штета од 570.569 денари.
Tagged as:
вработени во „Национални шуми“ Кривични пријави за четворица вевчанци
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
