Српскиот премиерот проф. д-р Ѓуро Мацут ги повика српските граѓани да штедат струја во наредните 10 дена поради нискиот водостој во земјата.
Тој најави дека утре ќе се одржи вонредна седница на Штабот за вонредни ситуации поради високите температури во Србија и ситуацијата со водостојот во земјата.
– Темата е водостојот, односно високите температури. Поради тоа и водостојот е низок, но покрај тоа загрозено е, всушност, и производството на електрична енергија. Тоа е стабилно засега, но е на ниско ниво, и ние имаме потреба да апелираме до нашите сограѓани да ја намалат употребата на големите потрошувачи на електрична енергија, клима уредите, индивидуално во своите домови. Апелот е да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија. Овој апел ќе трае во наредните десетина дена, бидејќи топлотниот бран се очекува во следните 10 дена – изјави Мацут.
И унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска ги повика граѓаните на таа земја од понеделник поодговорно да ја користат електричната енергија и посебно да обрнат внимание на најранливите, бидејќи Унгарија ја очекуваат најжешките денови со температури до 40 степени Целзиусови.
– Пред нас се најкритичните пет дена. Утре нуклеарната централа Пакш повеќе нема да произведува струја, а доаѓаат најжешките денови со температури од 40 степени – рече унгарскиот премиер, предупредувајќи дека електроенергетскиот систем, јавните служби и граѓаните ќе бидат изложени на големо оптоварување.
Тој го повика населението да води сметка за децата, постарите, болните и за лицата кои живеат сами, како и да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, особено во периодот од 17 до 22 часот, а најмногу меѓу 18 и 21 часот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
