Криминалот и корупцијата немаат етничка припадност

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие настани се минато, соопшти Вреди.

„Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи Владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат. Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина. Коалицијата Вреди и Владата сега станаа синоним за борба против криминалот и корупцијата. Неодамнешните апсења на криминални групи се јасен доказ дека државните институции преземаат важни чекори кон исполнување на нивните заложби за гарантирање на безбедноста и правдата. И од финансиската полиција се поднесени 5 кривични пријави против лица поврзани со институција со која раководеше ДУИ нон грата, поточно Бирото за метрологија. Заложбата на Владата им гарантираше и им даде слобода на институциите за спроведување на законот да дејствуваат и да апсат криминалци и повеќе да не дозволуваат нивните активности како што правеа досега. Ги информираме граѓаните дека ова е процес кој бара време и континуирана посветеност“, се вели во реакцијата.
Продолжуваме да останеме посветени и одлучни во борбата за општество ослободено од криминалот и корупцијата, граѓаните да се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот и да имаат целосна доверба во државните институции, наведено е во соопштението.

„Вреди е гаранција за стабилност и безбедност. Вреди е иднината на Албанците“, се вели во реакцијата.

Share This Article