Background

Кожувчанка: Водата за Гостивар е по набавна цена, профитот не ни е приоритет

Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ.

Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари.

Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија.

- Advertisement -
Ad image

Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општината Гостивар, а се’ со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа е им најпотребно.

Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата.

Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation