На 7 март со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“. Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.
Во главните улоги на Маргарита и Арманд ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија) заедно солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
– Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите – рече кореографот Василиј Медведев.
Tagged as:
Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
