Background

Контроверзниот закон 7501 пролеа многу крв и не донесе правда

Албанскиот апелацискиот судија Астрит Калаја, беше застрелан во судница лани во октомври, неколку моменти по објавувањето на пресудата во деценискиот имотен спор во Скадар. Вооружениот напаѓач, 30-годишниот Елвис Шкамби, се предаде веднаш откако испука куршуми со кои го уби судијата и рани двајца мажи, Рагип и Елвис Куртај, подносители на барања во истиот случај.

Тој е еден од 11.000 жртви поради имотни спорови во Албанија во изминатите три ипол денцении и прв актуелен судија убиен во модерната историја на Албанија.

Оваа трагедија и низата случени пред тоа, како и последната во која поради имотен спор и обид за изнудување пари вооружено се пресметаа двајца албански бизнисмени, ја разгореа националната дебата во Албанија за нерешените имотни конфликти во земјата – жестока социјална рана вкоренета во посткомунистичката транзиција.

Илјадници спорови неразрешени во судските фиоки

- Advertisement -
Ad image

Илјадници земјишни спорови остануваат во судот, многу од нив разгорени од контрадикторни закони и политичко мешање.

Случајот што го предизвика пукањето во судот датира од почетокот на 1990-тите, кога државните магацини од комунистичката ера беа доделени на бездомни семејства. Семејството Шкамби тврди дека е сопственик на земјиштето, додека семејството Куртај – долгогодишни жители – ги оспори тие тврдења, обвинувајќи ги за фалсификување документи.

Последниот настан пак е регистриран во Радми кај Валона на почетокот на месецов меѓу бизнисмените Луан Муча и сопственикот на хотелот, Васил Бединај.

Имотните спорови во Албанија се сметаат за еден од најголемите социјални, правни и безбедносни проблеми во земјата од падот на комунизмот до денес.

Познатиот експерт за безбедност, Фатјон Софта, коментирајќи го прашањето за конфликтите поврзани со имотот во Албанија изјави дека тие се голем проблем кој, според него, сè уште не е дефинитивно решен од страна на албанските институции и општеството.

– Конфликтите стануваат уште потешки кога станува збор за големи површини земјиште и имоти со значителна економска вредност, каде што се вклучени различни интереси. Имотните конфликти донесоа сериозни социјални последици, што доведе до распаѓање на семејствата и конфликти меѓу роднини – вели тој.

Според него, проблемите со сопственоста се широко распространети низ целата територија, додека конфликтите се зголемиле и поради економски и политички интереси со текот на годините.

Тој смета дека нивното решавање останува предизвик за институциите и како важен елемент за националната безбедност.

Грешките во транзицијата – извор на имотните конфликти

Главните причини за оваа долготрајна криза се комплексни и длабоко вкоренети во транзицијата на земјата. По падот на комунистичкиот режим, каде што приватната сопственост беше забранета, владата го донесе контроверзниот закон познат како Закон 7501 за распределба на земјиштето. Со него, наместо земјата да им биде вратена на старите сопственици (пред Втората светска војна), таа се делеше по глава на жител на семејствата што во тој момент живееја и работеа во земјоделските задруги. Ова создаде траен конфликт помеѓу историските сопственици (кои имаат стари тапии) и новите корисници (кои добија државни сертификати).

Според новиот закон, земјоделското земјиште во сопственост на државни колективи беше распределено на парцели од 2.500 до 3.000 квадратни метри по лице на земјоделците. Во исто време, необработливото земјиште како што се пасиштата, шумите кое сочинуваше околу 70% од претежно планинската територија на Албанија – остана во државни раце.

Дополнително во 1990-тите и 2000-тите години, Албанија доживеа масовен бран на внатрешна миграција каде што стотици илјади граѓани од сиромашните планински предели на северот се преселија кон рамничарските и крајбрежните делови (Тирана, Драч, Валона). Овој процес резултираше со над 400.000 нелегално изградени објекти на окупирано државно или туѓо приватно земјиште. Процесот на нивна легализација низ годините се одвиваше исклучително бавно и често беше предмет на политички манипулации.

Двојни тапии и хаос во катастарот

Поради немањето дигитализирани регистри во минатото, честа појава во Албанија е една иста парцела да има неколку имотни листови издадени на различни лица од различни институции во различни периоди. Поради корупција во локалните канцеларии, имоти биле препишувани со фалсификувани документи, што доведува до долготрајни и исцрпувачки судски процеси во кои не може лесно да се утврди вистинскиот сопственик.

Во последните неколку години, албанското крајбрежје доживува економски бум, а вредноста на земјиштето на Јонското и на Јадранското Море вртоглаво расте поради големиот интерес на странски инвеститори. Овој огромен финансиски интерес ги зголеми апетитите на бизнис-елитите. Државата честопати го одзема земјиштето на локалното население под изговор за „јавен интерес“ или преку закони за „стратешки инвеститори“ за да им го даде на моќни девелопери (како актуелните случаи во Живернек и Какоме), што предизвикува масовни протести и физички судири.

Недоверба во судскиот систем и корупција

Судовите во Албанија со децении се соочуваат со огромни заостанати предмети поврзани со имотните права. Поради корупција и бавност во правниот систем, многу граѓани и бизнисмени често одлучуваат „да ја земат правдата во свои раце“, користејќи притисоци, изнуда, па дури и вооружено насилство за да ги заштитат или присвојат атрактивните парцели.

Иако Владата на Албанија во последните години направи реформи преку воведување на платформата e-Albania и реорганизација на Државната агенција за катастар (ASHK), расчистувањето на 35-годишниот хаос со сопственоста останува еден од клучните предизвици за стабилноста на земјата и нејзината интеграција во ЕУ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation