Background

КОМБИЊАТА ПОД СТРОГА КОНТРОЛА ВО ЕУ Од јули задолжителни паметни тахографи, следуваат казни и забрани

Од 1 јули 2026 година стапуваат во сила нови правила на Европска унија кои значително ќе влијаат врз возачите на комбиња и лесни комерцијални возила, особено оние што вршат меѓународен превоз. Станува збор за дел од поширок пакет мерки за регулирање на транспортниот сектор и усогласување на условите за работа во рамки на ЕУ.

Според новите прописи, сите возила со дозволена маса од 2,5 до 3,5 тони, вклучително и приколка, ќе мора да бидат опремени со паметни тахографи од втора генерација (G2V2), доколку вршат меѓународен транспорт или каботажа. Оваа обврска се воведува со цел да се опфатат и помалите комерцијални возила, кои досега често беа надвор од строгите контроли.

Новите уреди овозможуваат значително поширок опсег на следење во однос на претходните генерации. Тие ќе бележат преминување на државни граници, места на утовар и истовар, активности на возачите, како и времетраење на возењето и одморот. Со тоа, контролите ќе бидат поефикасни и потешко ќе се избегнува почитувањето на правилата.

- Advertisement -
Ad image

Целта на мерката е зголемување на контролата во транспортниот сектор, намалување на злоупотребите, спречување на нелојална конкуренција и подобрување на безбедноста на патиштата. Воедно, се очекува да се подобрат и условите за работа на возачите, преку построга контрола на работното време и задолжителните паузи.

Обврската се однесува на комбиња и лесни комерцијални возила од 2,5 до 3,5 тони, возила што вршат меѓународен превоз и возила што учествуваат во каботажа.

Сепак, постојат и исклучоци. Тахографите нема да бидат задолжителни за возила што се користат на градилишта, за превоз на материјали до и од градилишта, за возила што работат во радиус до 100 километри од седиштето на компанијата, како и за превоз на рачно изработена стока или за некомерцијални цели. Исклучоци важат и во случаи кога возењето не е основна дејност на возачот.

Со воведувањето на паметните тахографи, надлежните институции ќе имаат попрецизен увид во работата на возачите и движењето на возилата, што треба да придонесе за поголема транспарентност и дисциплина во транспортниот сектор. Дополнително, се олеснува и прекуграничната размена на податоци меѓу инспекциските органи на земјите членки.

Новите правила носат дополнителни обврски за превозниците, па затоа се препорачува сите што користат вакви возила навреме да проверат дали подлежат на регулативата и да се подготват за нејзина примена. Во спротивно, можно е да се соочат со високи казни, забрани за вршење дејност или привремено исклучување на возилата од сообраќај.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation