Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина заработи 23,5 милиони долари од настапот на Светското првенство на кое беше елиминирана во шеснаесетфиналето, јавија денеска медиумите во Сараево.
Рано утрово, БиХ загуби од домаќинот САД со 2:0 во шеснаесетфиналето со што го заврши настапот на мундијалскиот турнир кој локалните медиуми го опишаа како херојски.
БиХ за пласман на Светското првенство инкасираше 12,5 милиони долари, од кои 2,5 милиони беа наменети за подготовки, а со пласманот во нокаут фазата, репрезентацијата заработи уште 11 милиони, што ќе биде износот што ќе го добијат сите екипи елиминирани во таа фаза.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одвои 871 милиони долари за репрезентациите кои се квалификуваа за Светското првенство кое се одржува во САД, Мексико и Канада.
ФИФА ќе ги уплати парите на сметката на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, а потоа ќе бидат распределени меѓу играчите и тренерскиот персонал, а дел од нив ќе завршат во касата на Федерацијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
