Background

Кога политичката кариера чини колку Hyundai Tucson

Охрид – Додека граѓаните броат денари за леб, еден политички ентузијаст брои што му остана по изборната кампања. Спојлер: не многу.

Еден Hyundai Tucson 1.6 Turbo, специјална серија, единствен во Македонија. Цена: 23.500 евра. Причина за продажба: политички амбиции со рок на траење покус од млеко оставено на сонце.

Листата на “инвестиции” е импресивна – моливчиња со име и презиме, пенкалца што веројатно никој не ги употребил, запалки распространети како дождовни капки, маички со лик и дело што сега служат како пижами или крпи за забришување подови, и билборди чија единствена заслуга е што не паднале на некого на глава. Сето тоа, очигледно, чинело точно едно возило од средна класа.

- Advertisement -
Ad image

Но приказната не завршува тука. Нашиот херој, воодушевен од почетните резултати (веројатно од неговата улица), веќе се видел себеси како пратеник. Затоа потегнал и во “престеделска” – онаа свештена благајна наменета за црни дни. Изборниот ден, како што се покажа, беше поцрн од најцрното кафе.

А потоа дојде цунамито. Не она цунами што носи вода, туку оној што носи реализација. Типот на пораз кога броиш гласови и продолжуваш да броиш надевајќи се дека математиката ќе се смилува. Не се смилува.

Во нормален свет, ваков резултат носи неотповикливи оставки, долга пауза од јавниот живот и пожелна посета на психолог. Но не и кај нашиот протагонист. Тој и понатаму се надева дека ќе остане претседател (на што, не е сосема јасно) и иден кандидат за пратеник!

Надежта, велат, умира последна. Реалноста, пак, возила Tucson кон новиот сопственик.

Политичката поука е едноставна: ако твојата кампања чини колку ново возило, а добиваш гласови колку да наполниш едно такси, можеби е време да се вратиш кон првичните животни планови. Оние што не вклучуваат билборди.

Засега, еден искусен Hyundai трага по нов дом, а еден помалку искусен политичар трага по нова стратегија. Или барем по останатите запалки.

Сашо ДЕНЕСОВСКИ

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation