Јирген Клоп на својата прва прес-конференција како селектор на германската фудбалска репрезентација испрати јасна порака до медиумите – приватноста на неговото семејство мора да се почитува.
– Ако се однесувате лошо и моето семејство нема мир, ќе си заминам. Едноставно ќе се повлечам. Ја сакам оваа работа, но подготвен сум да ја напуштам ако биде потребно – изјави Клоп.
По заминувањето на Јулијан Нагелсман, поранешниот менаџер на Ливерпул од денеска официјално ја презеде функцијата селектор на Германија. Тој истакна дека е свесен за големиот притисок што го носи оваа функција, но нагласи дека неговото семејство секогаш ќе биде на прво место.
Клоп додаде дека селекторската функција на Германија претставува врв во неговата кариера.
Тој потпиша четиригодишен договор со Германската фудбалска федерација, кој важи до завршувањето на Светското првенство во 2030 година. Воедно откри дека ова најверојатно ќе биде негов последен тренерски ангажман, бидејќи не планира повторно да работи по неговото завршување.
Клоп ја напушти клупата на Ливерпул во летото 2024 година, по девет сезони минати во англискиот клуб, и смета дека сега е вистинскиот момент за враќање во фудбалот.
Дебито како селектор ќе го има на 24 септември, кога Германија ќе игра против Холандија во рамките на Лигата на нации.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
