Кина прави сериозен чекор кон иднината на транспортот, со почеток на масовно производство на летачки автомобили.
Наместо класично „две во едно“ решение, компанијата „Икспенг аероХТ“ разви сосема поинаков пристап, „две тела, една функција“.
Компанијата претстави модуларен систем составен од копнен носач и одделно летало. Таканаречениот „матичен брод“ е возило со 6 тркала кое во себе носи мало летало за две лица.
Со едно копче, леталото се одвојува и започнува самостоен лет. Враќањето во возилото трае околу пет минути.
Системот има висок степен на автономија. Леталото може самостојно да полета, да ја следи рутата и прецизно да слета.
Поддржан е и рачен режим, со поедноставена контрола. Основната обука за управување трае околу три часа.
Максималната брзина достигнува околу 360 километри на час. Со едно полнење се овозможуваат 5 до 6 летови. На копно, возилото има автономија до 1.000 километри.
Интересот на пазарот е силен уште од самиот почеток. Регистрирани се повеќе од 2.000 нарачки по првата демонстрација.
Цената на возилото се проценува на околу 276.000 долари.
Компанијата веќе гради производствен погон во Гуангжу. Планираниот капацитет е до 10.000 летечки автомобили годишно.
Првите испораки се очекуваат во текот на 2026 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
