Background

Кендал Џенер наполни 31 година – Ким, Кајли и Клои објавија досега невидени семејни фотографии

Кендал Џенер го прослави 31. роденден, а нејзиното семејство го одбележа денот со емотивни пораки и фотографии од нивното заедничко детство. Ким Кардашијан, Кајли Џенер, Клои Кардашијан и мајка им Крис Џенер на социјалните мрежи споделија спомени од поранешните години, покажувајќи колку многу се промениле, но и колку се блиски.

Ким објави фотографија на која како тинејџерка ја држи малата Кендал во прегратка и ја бакнува во образ.

– Моето мало бебе Кени. Најсреќен роденден. Знам дека оваа година ќе ти донесе многу радост и едвај чекам да бидам покрај тебе и да сведочам на уште една магична година. Те сакам – ѝ порача таа.

- Advertisement -
Ad image

Особено емотивна беше и Кајли, која објави серија фотографии од нивното детство. На некои од нив двете позираат со големи кадифени животни и велигденски кошнички, а на други се облечени во усогласени фустанчиња и се држат за раце.

– Јас сум тоа што сум поради тоа што беше ти за мене. Среќен роденден на мојата сестра засекогаш – напиша Кајли, нарекувајќи ја Кендал своја „слатка мала срничка“.

И Клои не го пропушти роденденот на сестра си. Таа сподели фотографии и видеозаписи од нивните заеднички моменти низ годините, вклучувајќи и снимки на кои се гледа како растат заедно. Во пораката ја нарече Кендал своја вечна љубов и напиша дека ѝ било привилегија да гледа како од девојче прераснува во жена.

 

Најдолгата честитка ја напиша мајка им Крис Џенер. Таа објави црно-бела фотографија од Кендал како дете, како и низа семејни спомени, меѓу кои и фотографии со нејзината покојна мајка Мери Џо „Ем Џеј“ Кембел.

– Толку сум горда на сè што постигна, но уште повеќе на прекрасната жена во која израсна и на животот што го создаваш за себе – напиша Крис, опишувајќи ја ќерка си како љубезна, трпелива, духовита, креативна, нежна и верна. На крајот ѝ порача дека, без оглед на тоа колку ќе порасне, за неа секогаш ќе остане нејзиното мало девојче.

 

Кендал, која е родена на 3 ноември 1995 година, наполни 31 година. За разлика од нејзините сестри, кои се познати и по своите деловни и телевизиски проекти, таа изгради меѓународна манекенска кариера. Почнала да се занимава со манекенство на 13 години, а веќе како тинејџерка се појавува на насловни страници и модни писти на големи светски брендови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖