Background

ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ КОРИСТЕЊЕТО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА?

Ќе се засили контролата на користењето мобилни телефони за време на наставата, кое е забрането, и во најголем дел од училиштата директорите и наставниците веќе презеле мерки со кои на учениците им се одземаат телефоните и ги добиваат за време на одморите – рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на настан во Занаетчиската комора, посветен на градењето вештини кај младите.

– Со оглед на тоа што целата земја не е покриена со интернет-мрежа, со паметни табли и со таблети, доколку наставникот процени дека е потребно да се употреби мобилниот телефон на децата, тогаш тој ќе даде посебна дозвола. Сметам дека овој начин за справување со мобилните телефони во училиштата е добар. Проблем е што учениците ги добиваат телефоните од родителите, надвор од училиштата, и тогаш тие неконтролирано се користат – рече Јаневска.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски посочи дека, додека бил градоначалник на Кисела Вода, не биле дозволени електронски уреди во наставата и дека општината била меѓу првите што забранила користење мобилни телефони.

- Advertisement -
Ad image

– Тоа е добро да се практикува и во средните училишта и за тоа ќе разговараме со сите директори на средните училишта. Онаму каде што ќе има потреба да се користат, и е во согласност со наставата, таму ќе биде овозможено со посебна дозвола од наставниците, како што кажа министерката, а сè друго ќе биде посветено учење за време на часот – изјави градоначалникот на Скопје во чија надлежност се средните училишта во главниот град.

Министерката за образование и наука најави лиценцирање на училишните психолози за да детектираат разни видови проблеми во училиштата и да преземат мерки. Во врска со случаите на педофилија кај наставници, Јаневска изјави дека во образованието има многу проблеми, но, рече, овој е еден од најтешките. За случаите, кои се познати во јавноста, рече Јаневска, постапил Државниот просветен инспекторат и е пријавено и во полиција и во јавните обвинителства.

По најавата за воведување дежурство на наставници во училишните ходници и во дворовите за обезбедување мирна средина, Јаневска посочи дека тоа не е нов облик и во некои училишта тоа функционирало.

– Но во многу училишта не функционира. Дописот е испратен и ние само ги потсетуваме на добрите практики и во нашата земја, но и во странство. Тие се луѓето одговорни за однесувањето на учениците и за мирната средина во училиштето. Но, сакам да нагласам дека децата не стануваат агресивни во училиштата, тие однадвор доаѓаат полни со агресија во училиштата, па затоа не е одговорноста само на наставниците, на целото општество, и треба да се работи и со родителите и со социјалните служби. Проблемот е комплексен и треба да биде опфатен од сите страни – додаде Јаневска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation