Катар, кој посредуваше во мировните преговори меѓу САД и Иран, денеска соопшти дека потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу двете земји претставува „цврста основа“ за следната фаза од преговорите.
– Меморандумот претставува солидна основа за преминување во следната фаза од преговорите помеѓу американската и иранската страна, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар пред почетокот на техничките дискусии, што треба да почнат утре во Швајцарија.
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан синоќа го потпишаа меморандумот за разбирање на англиски и на персиски јазик.
Претходно израелски медиуми објавија дека Катар, со премолчено одобрение од Вашингтон, му овозможил на Иран пристап до милијарди долари во замена за безбедно поминување на катарските танкери низ Ормускиот Теснец. Медиумите тврдеа дека договорот бил постигнат со непосредна, тајна дипломатија, пред околу еден месец, во екот на безбедносните операции во Персискиот Залив.
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека договорот сега е во сила.
Светските агенции јавија дека три супертанкери под саудиско знаме, кои превезуваат шест милиони барели сурова нафта, поминале денеска низ Ормутскиот Теснец, само неколку часа по електронското потпишување на договорот меѓу САД и Иран.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
