Карлос Алкараз го освои Мастерсот во Монте Карло, откако денеска во финалето на натпреварувањето во Кнежевството го совлада Италијанецот Лоренцо Музети во три сета – 6:3, 1:6, 0:6.
Ова е шести Мастерс во кариерата на шпанскиот тенисер или прв освоен по повеќе од една година и Индијан Велс, а со оваа победа повторно го обезбеди второто место на АТП листата каде од понеделник ќе го предизвика Александар Зверев.
Победникот во Монте Карло доби 946.610 евра, додека поразениот финалист инкасира 516.925.