Капитенот на ПСЖ има шанса да освои уште одличја

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со освоената титула во францускиот Суперкуп вчера, капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос стана рекордер на клубот по освоени трофеи. Уште повеќе, Бразилецот веќе е играчот со најмногу одличја во историјата на францускиот фудбал.

Маркињос има импресивен 31 трофеј зад своето име – девет титули во Лига 1, седум Купови на Франција, шест Лига купови и девет домашни Суперкупа. Со трофејот освоен вчера против Монако (1:0), централниот дефанзивец го престигна својот до неодамна соиграч, Марко Верати кој има 30 трофеи.

Маркињос (30) ги има сите шанси да го зголеми бројот на трофеи во својата витрина, бидејќи ПСЖ води на табелата и е во конкуренција за Купот на Франција.

По Бразилецот и Верати, Тиаго Силва и Преснел Кимпембе со по 23 трофеи, како и Единсон Кавани, кој има 21, се меѓу првите топ 5 освојувачи на почести во дресот на „принцовите“.

Share This Article