Камион од Босна и Херцеговина останал заглавен меѓу спуштените рампи на железнички премин во Полска, а само неколку моменти подоцна во него удрил патнички воз. Снимката од драматичниот удар стана вирална на социјалните мрежи.
Возачот се спасил за влакно, додека приколката од камионот практично се распарчува пред надзорните камери.
Несреќата се случила кај населбата Гдањск-Липце. Со возот меѓу Гдиња и Зјелона Гора патувале околу 300 луѓе. И покрај силината на судирот, немало загинати.
„Околу 300 луѓе патувале со возот помеѓу Гдиња и Зјелона Гора. Патниците го напуштиле возот сами, безбедно. На местото на настанот, екипата за итна медицинска помош прегледала четири лица – возачот на камионот, кондуктерот и двајца патници. На крајот, возачот на камионот бил пренесен во болница“, соопшти Државната противпожарна служба во Гдањск.
Четирите лица минале со полесни повреди. Меѓу нив бил и возачот на камионот, кој по прегледот бил однесен во болница.
Полските железници потоа ја објавиле драматичната снимка како предупредување за другите возачи.
„Притиснете на гаста, пробијте ја рампата и веднаш напуштете го преминот“, се порачува во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
