Потенцијално трагичен инцидент го одбележа пријателскиот натпревар меѓу Унгарија и Казахстан во Дебрецин, откако специјална телевизиска камера се откачи и падна директно на теренот од височина поголема од 20 метри.
Инцидентот се случил во 26. минута од натпреварот на стадионот „Наѓердеи“, кога камерата поставена на сајли над тревникот одеднаш почнала да испушта чад. Според првичните информации на унгарските медиуми, најверојатно дошло до пожар кој го оштетил носечкиот кабел, по што конструкцијата не можела да ја издржи тежината на опремата.
Неколку моменти подоцна, тешката камера со силен удар паднала покрај аут-линијата, во непосредна близина на местото каде што се загревале резервните фудбалери на домашната репрезентација.
Најдраматичниот момент бил фактот што камерата паднала само неколку метри од снимател кој работел покрај теренот. За среќа, никој не бил повреден, иако според сведоците последиците можеле да бидат катастрофални.
Судијата веднаш го прекинал натпреварот за да се отстранат остатоците од уништената опрема и да се провери безбедноста на стадионот. Фудбалерите од двете селекции во неверување гледале кон кровната конструкција од која се откачила камерата.
По краткиот прекин, натпреварот продолжил без дополнителни проблеми, а Унгарија на крајот славела со 3-1 против Казахстан.
Инцидентот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде навивачите коментираат дека вистинско чудо е што никој не бил погоден од тешката опрема.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
