Филмот „Мојот син“ на авторот Маријан Стевановски од Куманово ја освои наградата Гран при (Grand Prix) на Интернационалниот фестивал „Камера 300“ во Битола, како и плакетата „Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот.
Во конкуренција од 92 филма, остварувањето беше прогласено за најдобро на фестивалот, чие доделување на наградите се одржа на 30 октомври во Домот на културата во Битола.
Авторот ги потпишува текстот, сценариото, режијата и монтажата, додека нарацијата е на актерот Илија Волчески. Филмот е посветен на сеќавањето на неговиот син Филип Стевановски кој почина во трагичниот настан во Кочани. Наградата, како што наведува авторот, за него претставува признание за животот, љубовта и талентот на синот кој прерано починал.
– Филмот „Мојот син“ е создаден од најдлабоките чувства на еден татко: од љубовта, болката, сеќавањата и непресушната желба споменот за мојот Филип да продолжи да живее, наведува Стевановски.
Тој се заблагодари до жирито и организаторите на фестивалот, како и до актерот Илија Волчески за емотивната нарација. Посебна благодарност изрази и до сопругата Снежана, ќерката Кристина, снаата Ирена и внуката Лора, кои, како што посочува, му даваат сила на семејството да продолжи да живее со загубата. Наградата ја посвети на својот син со емотивната порака: „Филипе, наградата е посветена на тебе! Горд сум на тебе, но и многу тажен, сине мој. Засекогаш“.
Tagged as:
„КАМЕРА 300“ И ПЛАКЕТАТА „МИЛТОН МАНАКИ“ ЗА „МОЈОТ СИН“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
