Background

Какви тајни крие паробродот „Словенец“?

Екстремно ниското ниво на водата на реката Сава ги откри остатоците од паробродот „Словенец“, којшто повеќе од 80 години се наоѓа меѓу Сремска Митровица и Јарак.

Бродот е изграден во 1913 година во Будимпешта под името „Ваг“, а по Првата светска војна му припаднал на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци. Во 1921 е преименуван во „Словенец“. За време на Втората светска војна, бродот бил запленет од Германците, кои го користеле за пренос на воена опрема. Судбината на пловилото била бурна – бил потонат неколкупати, па по поправките повторно бил ставан во употреба, објави „Шабачки Вести”.

Последен пат потонал на 24 април 1945, кога удрил во магнетна мина во Сава, спротиводно од Јарак. Оттогаш бродот се наоѓа кај левиот брег на реката.

- Advertisement -
Ad image

Кога нивото на водата на Сава значително ќе се намали, големи делови од бродот излегуваат над површината. Трупот на бродот со години е цел и на собирачите на „искористени“ суровини, па на тоа се должат и видливите траги од сечење метал. „Словенец“ има историска вредност и е наведен како заштитено богатство од посебно историско значење.

Иако е интересен за рибарите и посетителите, приближувањето до трупот не е без опасности.

Посебна причина за претпазливост е фактот дека бродот во мигот на потонувањето превезувал гранати и друг воен материјал. Поради можноста дел од опасниот товар сè уште да е во трупот, на граѓаните им се советува да не му се приближуваат. Сѐ тоа претставува и потенцијална опасност за пловидбата, бидејќи се наоѓа во пловна област, а на повисоки нивоа на водата е скриена под површината на реката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation