Околу 135 римокатолички кардинали на 7 мај ќе се сретнат во Сикстинската капела – најпознатата капела во Апостолскиот дворец во Ватикан – за да одлучат кој ќе биде следниот водач на Римокатоличката црква.
Датумот е одреден за време на денешниот состанок зад затворени врати на кардиналите во Ватикан, прв по погребот на папата Франциск во саботата. Конклавата за избор на нов папа ќе се одржи по завршувањето на деветте дена официјална жалост за смртта на папата Франциск кои завршуваат на 4 мај.
Право на учество на конклавата за избор на следниот водач на Римокатоличката црква имаат околу 135 кардинали од целиот свет на возраст под 80 години. Гласањето за избор на новиот папа е тајно и според строги правила и церемонијални процедури. Секој ден се одржуваат 4 гласања – две наутро и две попладне – сѐ додека еден кандидат не добие двотретинско мнозинство.
Процесот може да трае неколку дена или подолго, зависно од исходот на гласањето. По изборот, на покривот на Сикстинската капела ќе се појави бел чад – знак дека Црквата добила нов папа.
Tagged as:
Како ќе се гласа и колку кардинали ќе одлучуваат?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
