Австралиската пејачка Кајли Миног (57) откри дека во 2021 година имала втора дијагноза за рак, велејќи: „Бев лушпа од човек“.
Ова го откри во нејзината нова документарна серија од три дела на Нетфликс, насловена „Кајли“.
Таа ги увери обожавателите во документарецот дека „повторно го преживеала тоа и дека сè е во ред“.
Во 2005 година, Кајли Миног откри дека има рак на дојка. На само 36-годишна возраст, пејачката се избори со болеста, а со тоа што отворено зборуваше за својата битка, успеа да ја зголеми свесноста за ракот на дојка.
Во документарецот Кајли зборува за своето второ соочување со истата дијагноза во 2021 година. Вели дека овој период се чувствувала толку лошо и физички и психички, што воопшто не сакала да излегува од дома.
Кајли додава дека пробувала да го најде вистинскиот миг за да им каже на фановите за новата битка, но не можела и затоа молчела цели пет години.
57-годишната пејачка била дијагностицирана за време на рутинска проверка, а додека раскажува за тешкиот период, едвај се воздржува да не заплаче.
Кајли имаше голем камбек во 2023 година со песната Padam Padam која ѝ донесе и Греми награда, но приватно уште водела битка со ракот.
Кајли вели дека документарецот ѝ дал можност да се наврати на најзначајните моменти од нејзиниот живот, а борбата со ракот била токму ваков момент.
Додава и дека се надева дека ќе ги поттикне другите жени да се проверат.
– Раната детекција е од огромна помош и благодарна сум што можам да кажам дека денес сум добра. За среќа, повторно ја победив болеста и сега сè е во ред – вели пејачката во документарецот.
За потсетување, Кајли Миног беше на врвот на кариерата во 2005 година и се подготвуваше да настапи на Glastonbury кога првпат ја доби дијагнозата.
Поради ракот, го откажа настапот на фестивалот, а откажа и низа концерти во Лондон.
Одеше на радиотерапија и хемотерапија во Париз, каде најголема поддршка ѝ беа семејството и тогашниот партнер Оливие Мартинез.
Во документарецот Кајли открива дека извесен период го одложувала лекувањето бидејќи сакала да стане мајка.
Пред да почне да се лекува, таа направила неколку ин витро процедури.
– Имав 36 години кога ја добив дијагнозата, па размислував за деца. И пробав, дури и ја одложив хемотерапијата за да се обидам, а беше навистина страшно.
Пејачката додава дека иако била исплашена, знаела дека ако не се обиде, ќе зажали, без разлика што не очекувала да забремени.
– Ако забременев, тоа ќе беше чудо. Но, животот не функционира така.
Пејачката нема деца, но во документарецот покажа емотивно писмо кое му го напишала на детето што можеби ќе го има во иднина.
Во документарецот зборува и сестра ѝ, Дани Миног, која вели дека искрено се надева дека еден ден пејачката ќе се оствари во улогата на мајка:
– Јас никогаш не се гледав себеси како мајка, но Кајли отсекогаш се гледала така и ова ми го крши срцето.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
