Background

Јотова со остра порака до Скопје по инцидентот пред бугарската амбасада

Палењето дипломатски автомобили во Скопје, кои се сопственост на бугарската држава, го сфаќам како напад врз Бугарија, рече денеска претседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

– Тоа е инцидент без преседан – рече Јотова.

Таа додаде дека очекува бугарските европратеници да соопштат за тоа на седницата на Европскиот Парламент, на која ќе се дебатира за извештајот за напредокот на Република Македонија на патот кон ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

– Имам сигнал од европратениците дека во последен момент во пленарната сала ќе има обид да се отстрани еден од текстовите што директно се однесува на работата на заедничкаа историска комисија, која работи според член 12 од Договорот за добрососедство, и со тоа да ги направат нејзината работа и заклучоци бесмислени во иднина. Колку што знам, во моментов се водат консултации во различните парламентарни групи. Силно се надевам дека ќе се појави разум, затоа што работата на комисијата е дел од протоколот, кој, пак, е дел од преговарачката рамка и задолжителното европско законодавство – рече Јотова.

Јотова вчера го осуди палењето на двата дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Скопје.

– Категорично го осудувам палењето на дипломатските автомобили. Ова не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатска мисија, што ја доведува во прашање способноста на властите во Република Северна Македонија да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски мисии во согласност со нивните меѓународни обврски – порача вчера Јотова.

Алармантно е, додаде таа, што овој инцидент се случува во позадина на континуирана антибугарска реторика и атмосфера на нетолеранција, која со години останува без потребниот институционален отпор.

– Ваквите дејствија не се случуваат во вакуум – тие се директна последица на всадувањето омраза и неказнивост. Очекувам итна, транспарентна и ефикасна акција од надлежните органи во Скопјe за да ги идентификуваат и казнат сторителите и нивните евентуални поттикнувачи. Брзината и решителноста на реакцијата ќе бидат јасен тест за посветеноста на Република Северна Македонија на принципите на владеење на правото, добрососедските односи и за европските вредности. Европската интеграција не е само политичка цел, туку и одговорност. Земја која претендира на членство во Европската Унија мора безусловно да ја гарантира безбедноста на дипломатските мисии, да се спротивстави на говорот на омраза и да демонстрира почит кон своите соседи не само со зборови, туку и со дела – изјави вчера Јотова.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation