More

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (RELOAD2)

    spot_img

    ОПШТИНА ОХРИД ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

    ЈАВЕН ПОВИК
    ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)

     

    Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.

    Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.

    Општина Охрид и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Охрид и со кои се опфатени следните приоритетни области:

     

    1. Младински активизам и партиципација

    1.1 Активности за спречување на врсничко насилство и реализација на активности за превенциј

    а и спречување со сите видови на насилство.
    1.2 Активности за поддршка на младите во рурални средини
    1.3 Поддршка на младите, младинската партиципација и младинскиот активизам.
    1.4 Поддршка на проекти и активности за подобрување на менталното здравје кај младите.

     

    2. Родова еднаквост, економска и социјална инклузија

    2.1 Активности за зголемување на веш

    тините и знаењата на жените и ранливите групи во руралните средини со цел подобрување на нивната економска состојба.
    2.2 Поддршка на проекти и активности за развој, поттикнување и промоција на земјоделското производство, како и активности и едукација за одгледување на органско производство.
    2.3 Реализација на проекти и активности за социјална инклузија на ранливи категории на граѓани, особено на лицата со попреченост и деца со потешкотии во развојот со цел подобрување на квалитетот на живот.
    2.4 Реализација на проекти и активности за заштита и поддршка на жртви од семејно насилство.
    3. Туризам, заштита на животната средина и култура

    3.1 Поддршка на проектни активности за развој и промоција на туризмот, културата и културно- историското наследство на Општина Охрид.
    3.2 Развој на алтернативниот и селскиот туризам како можност за подобрување на економската состојба на ранливите категории, пред се на жените и младите од руралните средини.
    3.3 Проекти за подигнување на еколошката свест за зачувување на природното наследство и биодиверзитетот.
    3.4 Заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест.
    Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

    На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2  (до декември 2024).

    Општина Охрид и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023.

     

    ПОДОБНОСТ:

    Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).

     

    ДОКУМЕНТАЦИЈА:

    Јавниот повик ќе трае од 04.02.2022 (од 9:00 часот) до 04.03.2022 (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Охрид може да се обезбеди преку испраќање на барање на следната адреса: „Димитар Влахов“ 57, 6000 Охрид  и/или на е-меил: pavel.kotaleski@ohrid.gov.mk на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Охрид, улица: „Димитар Влахов“, 57. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.ohrid.gov.mk) како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).

    Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Охрид на ден 07.02.2022 година, со почеток во 10:00ч во големата сала на Општина Охрид. Првите два дена од обуката ќе се одржат на 07.02. (10:00ч)  и 08.02.2022 (09:00 ч) во големата сала на Општина Охрид.

    Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 25.02.2022, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

     

    ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:

    Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

    • Општина Охрид
      „Димитар Влахов“, 57
      Поштенски број:6000,Охрид

    Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.ohrid.gov.mk) и/или на општинската огласна табла.

     

     

    АНЕКС 1 – ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ

    АНЕКС 2 – ПРЕГЛЕД НА БУЏЕТОТ

    АНЕКС 3 – ЛОГИЧКА РАМКА

    АНЕКС 4 – ПЛАН НА АКТИВНОСТИ И ВИДЛИВОСТ/ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ

    АНЕКС 5 – ФОРМУЛАР СО АДМИНИСТРАТИВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ

    АНЕКС 6 – ФОРМУЛАР СО ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ

    АНЕКС 7 – ИЗЈАВА ЗА ПОДОБНОСТ

    АНЕКС 8 – ИЗЈАВА ЗА ДВОЈНО ФИНАНСИРАЊЕ

    АНЕКС 9 – Листа за проверка

    АНЕКС 10 – Насоки за подносители на апликации

    АНЕКС 11 – ЦЕЛИ НА ОДРЖЛИВРАЗВОЈ

    АНЕКС 12 – НАЈЧЕСТИ АДМИНИСТРАТИВНИ ГРЕШКИ, СЛАБОСТИ И ПРЕПОРАКИ

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img