Висок израелски функционер изјави дека има напредок во преговорите во Доха за договор за прекин на огнот и за размена на заложниците и на затворениците, објави Тајмс оф Израел.
Веб-страницата цитира втор официјален претставник кој вели дека Израел е оптимист дека ќе има договор најдоцна до утре.
И палестински извор изјавил дека има напредок во разговорите во Катар и дека договорот најверојатно ќе биде потпишан до утре, објави Тајмс оф Израел.
Извештајот ги потврдува сличните коментари на израелските власти. Неименуваниот извор изјавил дека е постигнат напредок на состанокот на лидерите на Хамас, што се одржа рано утрото, каде што биле решени речиси сите прашања, вклучително и она со мапите.
Беше објавено дека Хамас барал мапи за степенот на повлекување на ИД.
Изворот изјавил дека се очекува спроведувањето на договорот да започне во рок од 24-48 часа од неговото потпишување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
